Имунитетот веќе подолго време ви е опаднат? Еве како на најприроден начин повторно да го зајакнете!

Сигурно веќе знаете дека здравјето доаѓа од устата, па кога веќе е така, погрижете се вашата исхрана да биде избалансирана и разновидна, внесувајте доволно овошје, особено јужно, зеленчук и протеини.

Времето на вирусите веќе постојано владее, во сите годишни времиња, а на вас останува да го зајакнете имунитетот со цел вашиот организам да биде подготвен за нападите кои постојано го демнат. Сигурно веќе знаете дека здравјето доаѓа од устата, па кога веќе е така, погрижете се вашата исхрана да биде избалансирана и разновидна, внесувајте доволно овошје, особено јужно, зеленчук и протеини. Исто така, намалете ја консумацијата на преработени намирници, слатки и грицки и избегнувајте алкохол.

Дали сте знаеле дека јогуртот може да ви помогне во зајакнување на имунитетот? Клучот е во бактериите кои го одржуваат балансот на цревната флора и на тој начин го зачувуваат здравјето, можете да го комбинирате со овесни трици, кои содржат бета-глукан, антиоксидативно соединение кое ја намалува веројатноста да фатите грип.

Сигурно сте слушнале колку е здрав лукот, па изедете едно чешне дневно. Со лук зачинете ја салатата, цвеклото или пиперката.

И не заборавајте, исто така е важно да спиете доволно, да шетате и да избегнувате стресни ситуации или барем да го промените својот одговор и реакција на нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот