Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук / скриншот

„Имаме прекрасни езера и планини“ – Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат одредени разговори во рамките на ЕУ за надминување на метежот што се создава со примената на ЕЕС системот за влез во земјите од Унијата. Но, додава ако тоа не се надмине и летните годишни одмори претставуваат проблем, тогаш, сите ние, како што рече, „би можеле да ги поминеме на прекрасните места што ги има Македонија“.

„Јас не би коментирал премногу за тој начин на однесување. Имаме одредени разговари во рамките на ЕУ како би се надминало тоа. Но, ако претствуваат проблем летните годишни одмори, имаме прекрасни езера, планини, имаме прекрасни места во Македонија. Јас ги повикувам македонските граѓани своите летни годишни одмори да ги поминат на македонските планини и езера, во македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна татковина немаме“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Прашањето со примената на ЕЕС системот во земјата стана актуелно откако од 1 април почна целосно да се спроведува и за празниците се формираа долги колони на македонско-грчката граница.

МВР: Влезот и излезот од ЕУ границите ќе се евидентираат и ќе се контролираат електронски од 10 април

Кулминација на метежот имаше за 1 Мај. По изминатиов продолжен викенд, особено во попладневните и вечерните часови, илјадници туристи враќајќи се кон дома предизвикаа огромни километарски колони.

Според информации и сведоштва на патници објавени на социјалните мрежи, најголеми гужви биле регистрирани на преминот Евзони-Богородица, каде чекањето достигнало меѓу 3-5 часови, а сообраќајот се одвивал бавно.

Покрај Евзони-Богородица, метеж имало и на граничниот премин Дојран, каде чекањето било околу еден час. За Грција, покрај македонските туристи, традиционално значително присуство имаат и српските патници.

ВИДЕО | Српски туристи се фатија на оро додека чекаа на грчка граница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот