МВР: Влезот и излезот од ЕУ границите ќе се евидентираат и ќе се контролираат електронски од 10 април
Во петок, на 10 април официјално ќе започне да се применува системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија.
Препорачано
„Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото ‘90 дена во период од 180 дена’ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило“, информираат од МВР.
Воедно, известуваме дека од граничната полиција на државата се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел, како што велат, да се обезбеди брз и непречен проток на патници на граничните премини.
„Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот“, соопштуваат од МВР.
Ќе се приклучат ли македонските камионџии во блокадата на границите кон земјите од Шенген-зоната?


