Фото: Принтскрин од видео

ВИДЕО | Српски туристи се фатија на оро додека чекаа на грчка граница

Километарски колони се создадоа вчера на граничниот премин Евзони, па некои од туристите од Србија го искористија времето на чекање за да играат оро.

На видеото што се шири преку социјалните мрежи се слуша како ечи музика, луѓе се веселат и се фаќаат на орото, додека во позадина се гледаат колоните од возила и автобуси.

„Фолклорашите се враќаат од турнеја“, пишува еден граѓанин во коментар.

„Најдобар начин да се носите со тоа (чекањето) е со музика и играње. Се надевам наскоро ќе заврши ова патешествие на Евзони“, дополни друг.

„Па, кога се чека по 10 часови на граница, подобро е да играш“, напиша трет.

По изминатиот продолжен викенд, вчера во попладневните и вечерни часови, илјадници туристи враќајќи се кон дома, предизвикале долги колони возила.

Според информации и сведоштва на патници објавени на социјалните мрежи, најголеми гужви биле регистрирани токму на преминот Евзони-Богородица, каде чекањето достигнало меѓу 3-5 часови, при што сообраќајот се одвивал особено бавно, а колоните возила биле километарски.

Покрај Евзони-Богородица, метеж имало и на граничниот премин Дојран, каде чекањето било околу еден час. За Грција, покрај македонските туристи, традиционално значително присуство имаат и српските патници.

Како една од причините за застојот се наведува и примената на новиот европски систем за влез и излез (ЕЕС), кој воведува дополнителни проверки и биометриска регистрација на патниците, што го забавува граничниот проток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот