Има само 15 години, а веќе го освојува модниот свет: Ќерката на Моника Белучи е вистинска убавица! (ФОТО)

профимедиа

Најстарата ќерка на италијанската актерка и модел тргна по стапките на мама. Рекламата која ја снимаше минатата година за познатиот италијански бренд конечно излезе, а оваа 15-годишна убавица за тоа доби и бројни позитивни коментари за својот талент и убавината која ја наследила од нејзината мајка.

Дева Касел, ќерката на италијанската актерка Моника Белучи и актерот Винсент Касел има само 15 години, а веќе и предвидуваат успешна кариера. Секоја година таа се повеќе личи на својата мајка, која безброј пати досега беше прогласувана за една од најубавите жени во светот.

инстаграм
инстаграм

Во рекламата за новиот парфем „Shine“ убавата Дева одлично се снајде во улогата на модел, па така таа совршено блеска во белиот фустан на сетот.

инстаграм
инстаграм

Првиот проект за „Dolce & Gabbana“ го сними уште минатата година, а резултатот во јавноста излезе дури сега. Убавината на Дева, но и талентот за позирање го пофалија многумина, а некои од нив се уште не можат да веруваат колку таа личи на нејзината мајка.

инстаграм

Инаку, Моника покрај Дева има уште една ќерка, десет-годишната Леони, а поранешниот сопруг Винсент Касел го запозна во 1996 година на сетот на филмот „The Apartment“. Тие се венчаа во 1999 година, а во 2004 година се роди Дева, а во 2010 година Леони. Сепак нивната љубов заврши, па така тие се разведоа во 2013 година.

Моника неколку години по разводот пронајде нова љубов – францускиот уметник и сценограф Николас Лефебвра со кој првпат се појави во јавноста на ревијата на Шанел во 2019 година, иако во љубов се уште од 2017 година.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот