Илјадници луѓе изгубија пари откако инвестираа во апликација за криптовалути
Се верува дека илјадници луѓе ги загубиле своите заштеди откако инвестирале во апликација за тргување со криптовалути наречена „јЕарн Бот“, а експертите кои ја истражувале компанијата велат дека случајот може да биде еден од најголемите крипто скандали досега.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тргувањето со криптовалути стана популарно затоа што на луѓето често им се ветуваат големи профити за краткорочни инвестиции, но агенциите за спроведување на законот предупредуваат на се поголем број измами и им препорачуваат на инвеститорите да бидат претпазливи, се наведува во извештајот на „Би-би-си“.
Во Романија, десетици личности од висок профил, вклучително и владини претставници и академици, беа убедени да инвестираат преку апликацијата бидејќи беше спонзорирана од Габриел Гараис, водечки ИТ експерт во земјата, но Гараис тврди дека и тој бил измамен да ги инвестира своите заштеди во апликацијата по што изгубил пари, пренесува Танјуг.
Човекот именуван од страна на веб-страницата „јЕарн Бот“ како основач на компанијата, изјави за британскиот јавен сервис дека никогаш не слушнал за компанијата и потврди дека поднел пријава во полиција. Технолошкиот институт во Масачусетс, заедно со компаниите како Хуавеј и Куалком, се именувани како „стратешки партнери“ на јЕарн Бот, но и тие тврдат дека немаат познавање на компанијата и не работат со неа.


