фото: facebook.com/SpecialOlympicsNorthMacedonia

Илина Георгиева со второ место во спортски танци на Зимската Специјална Олимпијада во Торино

Со грациозност, емоција и нејзината љубов кон танцот, во женска конкуренција Илина Георгиева го освои второто место во категоријата спортски танци на Зимската Специјална Олимпијада Торино 2025.

Настапот на македонската натпреварувачка беше повеќе од танц – беше вистинска инспирација и доказ дека со и посветеност, сè е возможно. Браво, Илина!

Со незапирлива енергија Стефан Трпковски настапи во категоријата спортски танци на Зимската Специјална Олимпијада во Торино и го освои четвртото место во машката категорија.

Трпковски покажа дека вистинскиот успех е во храброста и љубовта кон спортот. Браво, Стефан! Твојата посветеност е инспирација за сите нас!

Претходно сребрени медали за Македонија на Специјалната Олимпијада во Торино освоија и Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамовски во крос-кантри скијање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот