Играчите на Шалке тренираат, социјално дистанцирани! (ВИДЕО)

фото: твитер

Екипата на Борусија Дортмунд неодамна објави како Халанд и Емре Чан тренираат во пар, а сега ни доаѓаат и снимки од тоа што се случува и на терените во Гелзенкирхен.

Фудбалскиот клуб на Шалке им се врати на тренинзите во својот комплекс, но под прилично ригорозни мерки на безбедност.

Германскиот фудбал е моментно суспендиран до 30 април, но клубовите очигледно сакаат играчите да им бидат подготвени за она што ги очекува после евентуалното завршување на пандемијата на коронавирусот.

А тоа е голем број на натпревари за многу краток период со цел сезоната да заврши што порано, и воедно до УЕФА се загрижени дека доколку до крајот на јуни не бидат завршени националните првенства во Европа, можно е сезоната да биде загубена.

Борусија Дортмунд неодамна објави како Халанд и Емре Чан тренираат во пар, а денеска ни доаѓаат и фотографии од Гелзенкирхен кои ги потврдуваат случувањата на терените на Шалке.

Социјално дистанцирање, со идеја дека може само во пар да се тренира, а играчите воедно вежбаа дриблинг и лесно трчање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот