Уште еден месец без фудбал во Германија

twitter/FC Bayern English

Според „Кикер“ во извештајот од состанокот се вели дека првите натпревари во првата и втората Бундес лига би можеле да бидат одиграни на 1 и 2 мај.

Првите луѓе на Бундес лигата во вторник одржаа нов состанок и донесоа одлука до 30 април да нема фудбал во Германија до 30 април.

За ова одложување се согласија сите професионални клубови, а според „Кикер“ во извештајот од состанокот се вели дека првите натпревари во првата и втората Бундес лига би можеле да бидат одиграни на 1 и 2 мај.

Исто така одлучено е, кога сезоната ќе продолжи, да се играат мечеви без присуство на навивачи.

Здравјето е на прво место, целта на сите е сезоната да биде завршена до 30 јуни, се разбира, доколку тоа го дозволуваат условите.

Според податоците објавени во вторникот, во Германија се пријавени 68.180 случаи на коронавирус, досега животот го загубиле 682 лица, а 15.824 пациенти се излечени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот