Фото: Игор Стефановски - Иџе

Игор Стефановски Иџе со одличен старт на сезоната во Европа

Игор Стефановски Иџе минатиот викенд во Австрија ја отвори новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), најпрестижното натпреварување во оваа дисциплина.

На легендарната патека Рекберг, во конкуренција од повеќе од 250 автомобилисти, македонскиот ас уште на стартот покажа дека ќе биде сериозен кандидат за висок пласман.

Иако го постави третото време по првата и петтото по втората трка, по збирниот резултат Стефановски се пласираше на одличното петто место во генералниот пласман.

Трикратниот европски шампион и оваа сезона влегува со јасна цел, борба со најдобрите и нови врвни резултати.

– Ова беше одличен викенд. Иако пред почетокот на сезоната немавме ниту еден тест, задоволен сум од резултатот. Ова е добар почеток. Следуваат трки во кои постепено ќе се прилагодуваме на автомобилот. Голема благодарност до мојот тим, до Ферари, до спонзорите и постоечките и новите, како и до сите што ни даваат поддршка – изјави Стефановски.

Со ваков старт, Иџе најавува возбудлива сезона и нова битка за врвот во европскиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот