Идеја за вкусен ручек: Рецепт за полнети домати со моцарела

Фото: Richard Šemík / Panthermedia / Profimedia

Доматите и моцарелата се „темелот“ на италијанската кујна и една од комбинациите со кои никогаш не можете да погрешите. Сурови или печени – нивниот вкус е, едноставно, фантастичен, пишува „Пун куфер“.

Тие се дел од голем број рецепти за салати, пици, брускети, тестенини… Па, секогаш е вистинско задоволство кога ќе се најде нов рецепт со овие состојки, како што е овој за полнети домати со моцарела.

Состојки:

  • 6 домати
  • 1/2 кромид (сечкан)
  • 1 чаша печурки
  • 1 чешне лук
  • 1 чаша тестенини од јачмен
  • 450 милилитри пилешки супа
  • 1/4 чаша пармезан
  • 200 грама моцарела
  • маслиново масло
  • сол и црн бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

Измијте ги и исушете ги доматите, а потоа исечете ги врвовите кои ќе ви послужат како капак. Внимателно издлабете ги доматите, додадете сол и свртете ги наопаку да се исцедат.

На маслиново масло продинстајте го кромидот, а потоа додадете ги исечканите печурки и лукот и продолжете со пржењето. Додадете ги тестенините од јачмен во тавата со печурките и прелијте ги со пилешката супа неколку пати додека не се сварат тестенините. На крајот додадете го пармезанот да се растопи.

Наполнете ги доматите со добиената смеса и додадете парчиња моцарела. Одгоре ставете ги капачињата од домати и печете околу половина час.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот