Куче / Фото: Pexels

И кучињата не спијат добро кога се под стрес – научна студија открива како емоциите влијаат на сонот на милениците

Според експертите од Меѓународната асоцијација на консултанти за однесување на животни (IAABC), квалитетниот сон е клучниот темел за доброто однесување и здравјето на кучињата. Нашите крзнени пријатели, исто како и луѓето, имаат потешкотии со спиењето доколку имале стресен ден.

Истражувачите набљудувале 16 кучиња по два типа искуства, позитивни (игра и галење) и негативни (кратка разделба од сопственикот или присилно задржување). По тричасовен одмор, резултатите покажале дека кучињата кои биле под стрес имале значително полош квалитет на сонот.

Илустративна фотографија за куче што си ја лиже ногата / Фото: Profimedia

Интересно е што стресните ситуации ги терале кучињата побрзо да заспијат , реакција која науката ја поврзува со „спиење предизвикано од стрес“. Сепак, иако заспивале веднаш, тие поминувале повеќе време во РЕМ фазата (фаза на сонување), имале немирен сон и се буделе многу порано од вообичаено.

Оваа студија е важен потсетник за сопствениците дека емоционалната состојба на кучето директно влијае на неговото здравје и одмор, исто како што е случајот и кај луѓето.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот