Весна Јаневска, министерка за образование и наука / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

И Јаневска сподели интересни чувства — иселениците почнале да се враќаат по заслуга на Владата

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека имало тренд на враќање на иселениците од Македонија назад во земјава, а тоа било резултат на „новите политики на Владата“.

За разлика од премиерот Христијан Мицкоски, кој деновиве е под наплив на „чувства“ со кои ја прорекнува иднината, Јаневска сепак рече дека нејзината изјава за враќањето на иселениците се засновала на „првите статистички податоци“, за кои не откри ништо повеќе од тоа дека „бројките сè уште не се масовни“, но и покрај тоа заклучи дека трендот постои и дека тој бил „директна потврда дека владините политики за задржување на младите даваат резултат“.

Одговарајќи на прашање за намалувањето на бројот на основци, Јаневска не пропушти да нагласи колку сегашната власт повеќе се ангажира на оваа проблематика и повеќе презема конкретни мерки во споредба со минатата власт.

Таа додаде дека процесот на промена е долготраен, но и дека Владата е фокусирана на создавање услови преку нови инвестиции во образованието и законски измени во високото образование за младите да ја гледаат својата иднина дома.

Савески најави крај за „фиока-системот“: Сите предмети се важни, со нив се решаваат човечки судбини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот