И Франција го стега обрачот – ги ограничува социјалните мрежи за деца под 15 години
Францускиот Сенат вчера го поддржа планот за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години, но сè уште не е дефинирано како ќе се спроведува, пренесува Еуроњуз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Двата дома на францускиот парламент имаат различни ставови за законот. Националното собрание, кое го усвои предлогот во јануари, бара од платформите да ги избришат сите постоечки профили на деца под 15 години и да одбијат да регистрираат нови корисници под таа возраст. Нивниот предлог, исто така, вклучува забрана за употреба на мобилни телефони во средните училишта.
Од друга страна, Сенатот предлага двостепен систем. Едната категорија би вклучувала платформи што се сметаат за штетни за „физичкиот, менталниот или моралниот развој“ на детето, додека втората категорија би можела да се пристапи со согласност од родителите. Предлогот на Сенатот, исто така, ги исклучува образовните платформи и онлајн енциклопедијата.
Несогласувањата може да го одложат стапувањето во сила на законот. А, исто така не е дефиниран метод како ќе се проверува возраста на корисниците на социјалните мрежи.
Франција подолго време најавува ограничувања за екраните и социјалните мрежи.
„Емоциите на децата и тинејџерите не треба да бидат на продажба или манипулирани од американски платформи и кинески алгоритми“, рече претседателот Емануел Макрон.
Француските пратениците во 2023 година донесоа закон со кој ќе се бараше согласност од родителот за лица под 15 години, но тој никогаш не стапи во сила бидејќи беше во спротивност со Законот за дигитални услуги (ДСА) на Европска Унија.
Откако ЕУ ги измени своите упатства минатата година, на земјите-членки им е дадена поголема флексибилност да одлучуваат за сопствените возрасни ограничувања, без разлика дали тоа значи целосна забрана или бараше родителска согласност.
Австралија во декември минатата година стана првата земја во светот што го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 16 години, во обид да ги заштити од штетна содржина и прекумерно време пред екран. ЕУ, исто така, се залага за поголема акција низ целиот блок.
Австралија ќе ги блокира социјалните мрежи за помлади од 16 години
Македонија моментално е „против“. Тука и властите, и стручните луѓе се на иста линија – избрзана забрана може да донесе контраефект, или да ја ограничи слободата.
„Ние минатата година, во рамките на проект, во сите училишта претставивме начин на контрола преку кој родителите може да контролираат кои апликации нивните деца ги имаат на своите телефони и другите уреди, колку време може да поминат со нив и кои содржини смеат или не смеат да ги следат. Сметавме дека ова е начин да ги превенираме опасностите од Интернетот, а контролата да ја задржат родителите, а да не ја преземе државата. Тоа е контролата на алатки што се исклучително приватни. Ги користат родители, деца и би било мешање на државата во домашните работи на секое семејство“, изјави неодамна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски
Социјалните мрежи знаат да бидат опасни, а избрзаната забрана уште поопасна
Во последните години, држави како Австрија, Шпанија, Данска и Шведска воведоа строги ограничувања за социјални мрежи за деца, а Словенија најави забрана за деца под 15 години. Обединетите нации препорачуваат зголемување на минималната возраст, додека Европскиот парламент предлага минимум 16 години за неограничен пристап до социјалните платформи.
УНИЦЕФ: Ако имате тинејџер кој е „залепен“ на екранот по цел ден, не сте сами


