Деца со своите компјутери во училиште во Сиднеј - Фотографија ЕПА, Пол Милер

Австралија ќе ги блокира социјалните мрежи за помлади од 16 години

Извори од владата објаснуваат дека забраната нема да важи за деца и млади што веќе се „закачени“ на социјалните мрежи и дека нема да има ни казни за прекршителите

Владата на австралискиот премиер Ентони Албанезе најави дека прва во светот ќе усвои закон со кој ќе им се забрани пристап до социјални мрежи на деца на возраст под 16 години.

Во предлог-законот, кој ќе биде доставен до Парламентот во текот на следната недела, е истакнато дека цел на мерката е да се заштитат австралиските деца од штетните ефекти на социјалните мрежи.

– Ова е за мајките и татковците. Тие, како и јас, се болно загрижени за безбедноста на нашите деца вклучени на мрежата. Сакам австралиските семејства да знаат дека владата ве поддржува – изјави премиерот.

Извори од владата објаснуваат дека забраната нема да важи за деца и млади што веќе се „закачени“ на социјалните мрежи. Нема да има олеснувања за децата чии родители се согласни да бидат присутни на социјалните мрежи. Нема да има ни казни за прекршителите, а за почитувањето на законот ќе се грижи Комисијата за безбедност на онлајн содржините.

Многу истражувања потврдуваат дека социјалните платформи може да го нарушат менталното здравје на младите, но експертите се поделени во врска со прашањето дали треба со законски мерки да се ограничи или забрани пристапот. Оние што се против ограничувањата тврдат дека е многу поефикасно да се предупредат децата и да се поучат како безбедно да навигираат низ социјалните мрежи и содржините на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот