Хусеиновиќ и Стојановски шампиони на меѓународниот тениски турнир во Ниш

Фото: facebook.com/Македонски-тенис

Македонската млади тениски надежи настапија на „Tennis Europe“ турнирот до 16 години „Ниш Опен 2021“ кој беше од втора категорија, а се играше во Ниш (Србија).

Кај момчињата нашата земја во двојки ја претставуваа Амар Хусеиновиќ и Филип Стојановски кои ја освоија титулата.

Во големото финале триумфираа против српскиот пар Александар Даскаловиќ и Никола Јовиќ со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:0.

Освен од Македонија и Србија на натпреварувањето во двојки имаше и учесници од Бугарија, САД, Индија, Унгарија, Швајцарија, Шпанија, Турција и Црна Гора.

Хусеиновиќ во поединечна конкуренција стигна до четвртфиналето каде загуби од Никола Лулиќ 4:6, 3:6, а Стојановски во третото коло загуби од Тодор Вукомановиќ со резултат 5:7, 4:6.

Кај девојчињата настапија седум наши тенисерки каде одличен резултат постигна Ана Митевска која во конкуренција на двојки во пар со тенисерката од Србија Миа Милисављевиќ стигна до четвртфиналето каде загуби против двојката од Србија Стела Џимовиќ и Петра Коњикушиќ со резултат 2:6, 2:6.

„Вимблдон“: Ивановски се бореше и повреден, на крајот елиминиран од Џонс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот