Хуан Мартин дел Потро се враќа, сака да игра на УС опен

EPA-EFE/WU HONG

Популарниот Аргентинец се повлече минатиот февруари откако имаше проблеми со повредите, но, сега ги воодушеви своите фанови откако изјави дека сака да направи камбек и да настапи на САД опен, каде беше шампион во 2009 година

Хуан Мартин дел Потро изјави дека би можел да направи сензационален камбек во тенисот на САД опен (28 август – 10 септември), како поранешен шампион.

– Сѐ уште имам време, ќе почнам да тренирам, да видиме како ќе реагираат мојата нога и колено и дали можам да го направам тоа или не – изјави Аргентинецот, а пренесува Еуроспорт.

Тој во интервјуто со јужноамериканскиот репортер Дени Мише ги воодушеви своите многубројни фанови само со сугестијата дека се надева оти ќе започне изненадувачки камбек.

Дел Потро, кој го освои САД опен во 2009 година, многу сака да се врати, откако минатата година мораше да се повлече од тенисот по постојаните повреди на зглобот на раката и на коленото.

Дел Потро (34) не се појавил на терените од февруари 2022 година кога играше пред своите навивачи во Буенос Аирес. Во тоа време, тој рече дека дури и тренинзите му премногу болни, но јасно стави до знаење дека не изгубил ништо од својата страст за тој спорт.

– Го сакам тенисот, никогаш нема да биде проблем да земам рекет и да видам како се чувствувам. Секој ден работам на тоа да се вратам во форма. Ќе го оставам тој прозорец отворен, барем до САД опен, како што реков. Тоа е специјалниот турнир за мене. Имам уште време. Ќе почнам да тренирам, да видиме како ќе реагираат мојата нога и колено и дали можам или не – му изјавил Делпо на Мише.

Дел Потро неодамна изјави дека Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал му го негирале „сонот“ да стане светски број 1, бидејќи тој никогаш не стигна повисоко од број три на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот