Основно училиште во Загреб, Хрватска / Фото: Павле Миљовски / Google Maps

Хрватските школи против ургенциите – им забранија на родителите посети во последните две недели пред распустот

Од денеска, родителите на учениците во основните и средните училишта во Хрватска немаат дозвола да влегуваат во училиштата до крајот на учебната година. Со оваа мерка, која важи за последните две недели од наставната година, се забрануваат родителските средби и индивидуалните разговори со наставниците, пренесе „Н1“.

Мерката е утврдена со новиот Правилник за начини, постапки и елементи на вреднување на учениците, а целта е да се намали притисокот врз наставниот кадар во периодот кога се заклучуваат оценките.

И покрај забраната, дел од родителите продолжуваат да се обидуваат да стапат во контакт со наставниците, најчесто со надеж да влијаат на завршните оценки на своите деца. Наставниците се жалат дека пред крајот на учебната година притисоците значително се зголемуваат – некои родители доаѓаат ненајавено во училиштата или ги контактираат наставниците надвор од работно време, што дополнително ги оптоварува.

Хрватските просветни власти очекуваат дека оваа забрана ќе ја намали тензијата и ќе им овозможи на наставниците мирно да го завршат процесот на оценување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот