Влада на Црна Гора/ Фото: ЕПА

Хрватска ја услови Црна Гора: „Решете ги прашањата за имотите, границата и за воените злосторства пред влезот во ЕУ“

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи вчера предупреди дека решавањето на отворените прашања меѓу Подгорица и Загреб е неопходно за Црна Гора да ги заврши пристапните преговори со Европската Унија, објави „Јутарњи“.

Оттаму нагласија дека начелото на добрососедски односи е еден од клучните политички критериуми во процесот на проширување на ЕУ.

Соопштението доаѓа еден ден по посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Загреб, а хрватското Министерство посочи дека ЕУ е многу јасна во „своите пораки дека не може и не сака да увезува билатерални спорови“ и дека затоа отворените прашања „мора итно да се решат“.

Министерството потсети дека Хрватска кон крајот на 2024 година го повторила повикот до Црна Гора за дијалог „со цел решавање на отворените прашања кои мора да се завршат за да не ја оптоваруваат клучната, завршна фаза од пристапниот процес“.

Тие додаваат дека во текот на целиот процес покажале „стратешко трпение и разбирање, но сега е време за одлучни чекори од страна на црногорската влада“.

Израел ги скара претседателот и премиерот на Хрватска

Меѓу отворените прашања што треба да се решат, хрватското Министерство ги наведе решавањето на имотно-правните прашања на хрватските семејства кои останале без имот во Црна Гора, продолжувањето на потрагата по 14 исчезнати луѓе од Татковинската војна и процесуирањето на воените злосторства.

Хрватска, исто така, бара продолжување на разговорите за морската граница и враќање на школскиот брод „Јадран“, за кој смета дека бил историски поврзан со Сплит, а денес е прогласен за културен симбол на Црна Гора.

„До крајот на 2026 година остануваат уште само неколку месеци, па затоа повторно ја повикуваме црногорската страна на конструктивен дијалог и забрзување на работата на отворените прашања“, се заклучува во соопштението.

Властите во Црна Гора имаат амбициозен план Подгорица до крајот на годинава да ги затвори сите преговарачки поглавја и во 2028 година да стане членка на Унијата.

Црногорската министерка за европски прашања, Маида Горчевиќ, минатиот месец изрази оптимизам за решавање на билатералните прашања.

„Комуникацијата трае и се надевам дека во наредните месеци ќе ги решиме сите прашања, или барем повеќето од нив“, изјави таа во Европскиот парламент во Стразбур.

Црна Гора влегува во финиш во преговорите со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот