Хрватска кошаркарска легенда во одбрана на Новак: Сите се натпреваруваат кој повеќе ќе плука по Ѓоковиќ, а тој сака да и помогне на Хрватска

Новак Ѓоковиќ се наоѓа под жестоки критики во светската јавност поради фијаското на задарскиот турнир кој е дел од „Адриа тур“ и каде не се одигра финалето поради позитивниот тест на Григор Димитров.

Ѓоковиќ кој е организатор на хуманитарните турнири „Адриа тур“ вчера објави дека и тој заедно со сопругата Јелена се позитивни на коронавирус, по што хрватските медиуми упатија сериозни критики за српскиот тенисер иако претходно пишувањата за него и турнирот беа позитивни.

Еден од првите кои застана во одбрана на Ѓоковиќ, покрај неговиот тренер Горан Иванишевиќ е и хрватската кошаркарска легенда Дино Раѓа.

„Неверојатна количина на с*ање беше фрлено врз Ѓоковиќ овие денови. Како да се натпреваруваат кој повеќе ќе се пос*ре по него. Човекот направи сѐ за да ѝ помогне на Хрватска да се промовира во светот и да спаси барем дел од летната сезона. Сигурно е дека имаше грешки, но во прв ред тие грешки се на Димитров и на организаторот, а потоа на учесниците на турнирот. Погледнете ги кафулињата, ноќните клубови за време на викендите, натпреварите, јавниот превоз… Многу луѓе не носат заштитни маски ноту пак држат дистанца, но тогаш не се**ме по нашите, туку полесно е да се удри по Новак и тоа со сите оружја иако го ризикуваше сопственото здравје за да ни помогне на нас. Тоа што се случи треба да ни биде за памет и предупредување дека вирусот е меѓу нас и дека треба сериозно да се сфати бидејќи премногу се опуштивме. Исто така се гледа дека без разлика на статусот и на богатството, сите еднакво сме подложни на коронавирусот“ напиша Раѓа во одбрана на најдобриот српски тенисер на неговиот фејсбук-профил.

Nevjerovatna je kolicina sranja po Novaku ovih dana. Natjecanje ko ce ga vise pokenjat. Covik je napravija sve da…

Publiée par Dino Rađa official sur Mercredi 24 juin 2020

Се јави таткото на Новак: Димитров е виновен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот