Хрватите задоволни од ждрепката: Добро е што ја избегнавме Франција

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ/ фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Актуелниот светски вицешампион Хрватска ќе биде дел од групата Ф на претстојното Светско првенство што од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар, а селекторот Златко Далиќ е задоволен од противниците.

„Коцкестите“ во групата Ф се заедно со Белгија, Мароко и Канада. Првиот натпревар Хрватска ќе го игра против Мароко, по што ќе следи дуелот со Канада, а во последното коло од групната фаза е дерби пресметката со Белгија.

– Добро поминавме на ждрепката иако не очекувавме да биде лесно. Ова е Светско првенство. Канада одигра одлично во квалификациите, потоа тука е Мароко и селекторот Халилхоџиќ кој е добар селектор и на крај ја имаме Белгија – вели селекторот Далиќ.

На ждрепката му се исполни и единствената желба на Далиќ, а тоа е да го избегне актуелниот светски шампион во групната фаза.

– Единствена желба ми беше да ја избегнеме Франција. Но, најважно за мене и сите фудбалери да бидат здрави бидејќи така може да го оствариме тоа што го сакаме – додава Далиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот