Хорват е најдоброто засилување во македонскиот клупски ракомет
Специјализираниот ракометен портал „Балкан-Хандбал“ ги рангираше најдобрите 15 засилувања во македонскиот клупски ракомет за претстојната сезона.
Препорачано
На чело на листата е засилувањето на Металург од ППД Загреб, хрватското десно крило Златко Хорват, кој се најде пред српскиот десен бек Марко Вујин, засилувањето на Вардар и пред хрватскиот лев бек Стипе Мандалиниќ кој потпиша за Еурофарм Пелистер.
Во овој избор се наоѓаат уште тројца ракометари од нашата земја, Гоце Георгиевски, Филип Талески и Марко Танкоски.
Топ 15 засилувања според „Балкан-Хандбал“:
1. Златко Хорват (ППД Загреб – РК Металург)
2. Марко Вујин (Спортинг Лисабон – РК Вардар)
3. Стипе Мандалиниќ (Фуксе Берлин – РК Еурофарм Пелистер)
4. Момир Рниќ (РК Пролетер – РК Металург)
5. Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт – РК Вардар)
6. Јосип Периќ (Гепинген – РК Еурофарм Пелистер)
7. Ловро Јотиќ (РК Еурофарм Пелистер/Бенфика – РК Вардар)
8. Марко Тарабокиа (Чурго – РК Металург)
9. Филип Талески (Балинген – РК Вардар)
10. Анте Гаџа (ППД Загреб – РК Вардар)
11. Томислав Кушан (Ла Риоха – РК Еурофарм Пелистер)
12. Бранко Канкараш (Мешков Брест – РК Металург)
13. Патрик Валчак (ТУС Либеке – РК Вардар)
14. Никола Потиќ (Либек – РК Металург)
15. Марко Танкоски (РК Металург – РК Еурофарм Пелистер)


