Хорхе Мартин победник на трката за Големата награда на Тајланд

фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Возачот на „Прамак Дукати“, Хорхе Мартин славеше на Големата награда на Тајланд, 17 трка од сезоната во Мото ГП шампионатот.

Мартин забележа двоен триумф во Бурирам, откако претходно победи во спринтот, а воедно ја оствари и четвртата победа сезонава.

Исто така, Шпанецот испиша нови страници од историјата за „Дукати“, италијанскиот тим сега има триумфи на секоја патека од календарот.

Мартин ја помина целта со десетинка предност пред Бред Биндер од „КТМ рејсинг“, но, бидејќи излета од патеката, Јужноафриканецот беше преместен на третото место, па така второто место му припадна на бранителот на титулата Франческо Бањаја.

Бањаја има 13 бода предност пред Мартин на три трки пред крајот на сезоната, а следната ќе се вози на 11 ноември за ГН Малезија на патеката Сепанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот