Холивудскиот заводник сака само една жена 19 години: Кога таа ќе ме погледне ми се затресуваат колената

Фото: Инстаграм

Актерот по кој многу жени дури и денес воздивнуваат е во среќен брак веќе 19 години со новинарката Кили Шај Смит, а својата љубов кон неа често сака да ја искажува и на социјалните мрежи.

Секој роденден, годишнина и слични моменти Пирс Броснан и ги честита на својата сопруга со фотка од младоста со романтичен опис.

Фото: Инстаграм

Сепак, многумина коментираа дека тој воопшто не објавува нови фотографии од неа и дека причината за тоа е тоа што Кили во последните неколку години се здебелила повеќе од десет килограми. Нормално, Пирс веднаш објави моментална фотографија од својата сопруга и ѝ го честиташе роденденот, па на тој начин ги замолчи хејтерите кои пишуваа дека се срами од неа.

Фото: Инстаграм

Во една прилика тој откри како и после 19 години тој е лудо заљубен во Кили:

– Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кили ќе ме погледне, секогаш ми се одземаат нозете, а чувствувам и како ми се затресуваат колената.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Инаку, Кили го спаси Пирс Броснан од депресија откако на актерот му починаа жената и ќерката, а со неа доби и два сина, Парис и Дилан Томас.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот