Холивудскиот шмекер по грешка објави фотографија од својот полов орган

крис еванс
Крис Еванс / Фото: Профимедиа

Крис Еванс веднаш ја избриша експлицитната фотографија, но сепак беше доцна, таа веднаш се распространи на Твитер…

Актерот Крис Еванс (39) познат по улогата на Марвеловиот „Капетан Америка“, случајно објавил своја експлицитна фотографија, додека објавувал видео на социјалните мрежи.

Додека играл игра тој видеото на социјалните мрежи го споделил со следбениците, но му се повлекла целата галерија со снимки и фотографии, вклучувајќи и фотографија од неговиот полов орган во ерекција.

Актерот веднаш ја избришал експлицитната фотографија, но сепак било доцна, пишува порталот „Page Six“. Принтскриновите го преплавија Твитер, а шегите на негова сметка не престануваат.

„Дали можеби Крис Еванс се сопнал тука, се надевам дека е добро“, напиша една корисничка на Твитер покрај фотографијата со дупка на патот која изгледа како машки полов орган.

Инаку, се шушка дека Еванс во моментот е во врска со актерката Лили Џејмс (31), додека претходно беше во љубовна врска со Џени Слат (38).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот