Холифилд тврди дека судијата направи грешка, сега сака спектакл со Тајсон

Холифилд вели дека добил само еден удар од Белфорт/Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Легендата во тешка категорија, Ивандер Холифилд неодамна се врати во рингот по 10 години и имаше бокс меч против Витор Белфорт, кој судиите го прекинаа и го прогласија неговиот ривал за победник.

Уште во првата рунда Холифилд наиде на силни удари од Белфорт и судијата во рингот одлучи да ја прекине борбата. Тоа беше 11 пораз во кариерата на Холифилд.

– Белфорт е исклучително силен борец и благодарение на тоа успеваше да ме турка околу рингот. Но, тој не успеа да ми зададе ниту еден удар. Ме удри само еднаш кога немав рамнотежа. Судијата направи грешка кога ја прекина борбата, не требаше да го стори тоа толку брзо – рече Холифилд.

Тој најави дека сака да продолжи со боксот без оглед на поразот.

– Во следната борба, секако, би сакал да имам нов меч против Мајк Тајсон – додава Холифилд.

„Железниот“ Мајк неодамна имаше егзибициски меч со Рој Џонс јуниор, кој заврши нерешено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот