Хит видео: Тенисер си порача хамбургер на пауза меѓу гемови

принтскрин/Твитер

Американскиот тенисер Џенсон Бруксби е вистински хит на социјалните мрежи со потегот што го направи за време на турнирот од Мастерс серијата 1000 во Монтреал.

Имено, Бруксби си порача сендвич за време на мечот со Роберто Баутиста Агут и потоа го изеде пред ТВ камерите на пауза меѓу гемовите.

– Човекот огладне, не заборавајте дека и Станислас Вавринка на еден гренд слем турнир си порача кафе среде меч за да се разбуди – е еден од коментарите на социјалните мрежи за потегот на американскиот тенисер.

Сендвичот не му помогна многу на Бруксби бидејќуи загуби од Баутиста Агут во два сета со 7:5,6:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот