Хит изјава на НБА тренер: Југославија може да му се спротивстави на дрим тимот

EPA/DAVID MAXWELL CORBIS

Поранешниот НБА кошаркар и тренер, Бајрон Скот,  ја шокираше јавноста кога зборуваше за шансите на репрезентацијата на САД на кошаркарскиот турнир на претстојните Олимписки игри во Токио.

Скот истакна дека нема дилеми околу тоа кој е главен конкурент за златниот медал, но кога беше запрашан за репрезентациите кои можат да му бодат конкуренти на дрим тимот, тој направи лапсус.

– Дефинитивно би сеобложил на САД… Но, Франција е многу добра оваа година, Југославија секогаш, а дури и Кина може да направи многу – рече Скот.
Последниот натпревар натпревар помеѓу Југославија и САД се одигра 2002 година на Светското првенство во Индијанаполис и на тој натпревар дрим тимот загуби, а Југославија на крајот го освои златниот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот