Доктор Ник Папас, хирург/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хирург изненади со препораката: Ова се моите три омилени намирници против воспаление на зглобовите

Темното чоколадо не само што е вкусно, туку експертите го препорачуваат бидејќи може да има позитивен ефект врз здравјето.

Студиите покажаа дека оваа намирница може да го намали ризикот од срцеви болести, да ги подобри мозочните функции и да ја подобри циркулацијата. Сепак, тука треба да се истакне дека позитивните својства важат само за вистинско, висококвалитетно темно чоколадо со висока содржина на какао. Исто така, треба да се консумира во умерени количини, на пример, две коцки по појадок или по вечера.

Намалување на воспаленијата на зглобовите

Хирургот од Њу Орлеанс, д-р Ник Папас, на социјалната мрежа Тикток ги сподели своите три омилени оброци кои помагаат во намалувањето на воспалението на зглобовите. Меѓу ни е и темното чоколадо.

По вечерата, д-р Папас јаде три парчиња темно чоколадо со најмалку 70 отсто какао. Темното чоколадо содржи флаваноли кои имаат антиинфламаторно дејство и помагаат да се чувствувате сити.

Освен тоа, како што наведува „Њујорк пост“, консумирањето висококвалитетно темно чоколадо може да го подобри квалитетот на сонот, правејќи го помирен и порелаксиран. Темното чоколадо го поттикнува производството на серотонин, хормонот на среќа, кои влијае на луѓето да бидат порасположени.

– За намалување на воспаленијата на зглобовите, јадете боровинки наутро, ореви за ручек и темно чоколадо навечер – порачал докторот.

Извор на противвоспалителни флавоноиди

Какаото е познато како богат извор на антиоксидантни и противвоспалителни флавоноиди, па затоа научниците одлучиле да спроведат истражување врз луѓето за да го утврдат неговото влијание врз когнитивните функции и здравјето на ендокриниот и кардиоваскуларниот систем. Затоа, им понудиле чоколадо со нормална големина, но со висока содржина на какао.

Резултатите покажале дека поголем дел од какаото има поголем ефект врз когнитивната функција, меморијата, расположението и имунитетот. Во друга студија, со помош на ЕЕГ, научниците го процениле влијанието на 48 г чоколадо со 70 отсто какао врз мозокот по 30 минути и по 120 минути. Тие откриле дека какаото го подобрува здравјето и невропластичноста на мозокот.

Потребни се дополнителни истражувања на поголеми популации за да се утврдат механизмите преку кои повисоките концентрации на какао имаат позначајно влијание врз функцијата на мозокот и имунолошкиот систем.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот