Хиндс се раздели со МЗТ поради неспортско однесување и омаловажување

фото: Sloboda/Darko Zabus)

Американскиот кошаркар во последниот период почна да се однесува онака како што не му доликува на еден професионалец…

Џабари Хиндс од денеска не е играч на МЗТ Скопје Аеродром, откако управата на клубот реши да ја прекине соработката со него поради неспортско однесување и омаловажување на клубот и на македонската кошарка во целост.

Плејмејкерот добро ја почна сезоната, но потоа од натпревар во натпревар играше сѐ полошо, за во последниот период да почне да се однесува онака како што не му доликува на еден професионалец.

Трпението кулминира со неговото отворено потценување на домашното првенство и гласното негодување секогаш кога требаше да настапи на мечевите од Првата лига. Згора на тоа, Хиндс на последните пет средби на домашна сцена постигна вкупно 20 поени или четири поени во просек, што е само доказ за неговото незалагање на овие натпревари.

МЗТ Скопје Аеродром никогаш нема да дозволи индивидуалец да биде пред доброто на целата екипа, особено не кога кога тој не го цени значењето на сино-белиот дрес, во кој многу далеку подобри кошаркари пред него пролеале тони пот и го оставиле срцето на терен.

Поради сето ова, заедно со повеќекратното излегување во ноќен провод на ден пред средбите, управата на клубот во договор со стручниот штаб реши да ја прекине соработката со американскиот интернационалец.

Веќе се разгледуваат опции околу ангажирање на негова соодветна замена, со цел составот од Аеродром да биде адекватно пополнет за сите позиции за вториот дел од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот