Храбрата Мерима Гајиќ/Фото: Скриншот/АТВ/Аваз

Херојски подвиг на мајка од Бања Лука: Додека шетала со ќерките спасила давеничка во Врбас

Храбрата бањалучанка Мерима Гајиќ спасила еден млад живот скокајќи без размислување во студената и надојдена река Врбас.

Од реката успеала да извлече млада девојка, а потоа за порталот Дневен аваз ја раскажа драмата која се одвивала:

-Со ќерките се враќавме од град и кога тргнавме да го поминеме Градскиот мост, ќерката ми вели: Види мамо, девојка седи на столбот од мостот. Погледнав кон девојката, која во тој момент ја соблече јакната, ја фрли на тротоарот и потоа се фрли во Врбас, раскажа таа.

Во тој момент бебето Милица кое го држела во рацетот го дала на постарата ќерка Анѓела и и рекла да не се грижи и тргнала кон реката.

„Без размислување ја прескокнав оградата и се спуштил надолу кон реката. Скокнав во Врбас и му се молев на Бога да ја извелечам девојката и јас да излезам зошто реката беше брза и надојдена. Успеав некако да ја довлечам до брегот, каде не дочека полицијата, еден човек и една жена“, раскажува Гајиќ за моментот на спасувањето на девојката.

Вели дека не успеала да разговара со девојката зошто додека ја извлекувала од студената река, била полусвесна, а подоцна кога ја извлекла на брегот, била без свест.

“Не знам ништо. Ниту од каде е девојчето, ниту се вика, кои се нејзината мајка и татко. Од полицијата ми рекоа дека ќе ми се јават и ќе ми кажат се. Сепак, синоќа ме повикаа и ме прашаа како сум се чувствувала и само рекоа дека девојчето е згрижено и дека се ќе биде во ред“, додава Мерима Гајиќ.

Гајиќ вели дека не ја знае причината поради која девојката синоќа се фрлила во Врбас.

„Синоќа не размислував што може да се случи. Ги оставам моите две деца, а третото, туѓо, одам да го спасам. Мило ми е што успеав да ја спасам“, додал Гајиќ.

Запрашана дали ја повикале „градски татковци“ за да ѝ искажат благодарност и да ја наградат за херојството, таа рече дека никој не и се јавил.

Но, судејќи по коментарите на Фејсбук, таа наскоро би можела да добие покана, пишува Аваз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот