Хенман: Ѓоковиќ е најдобар според бројките, а Федерер најпопуларниот кој некогаш играл во тенисот

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Поранешните тенисери Тим Хенман, Матс Виландер и Мајк Брајан дека не е сè во бројките, дека не е важна статистиката, кога е во прашање за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња.

Новак Ѓоковиќ моментно има рекордни 24 грен слем титули, две повеќе од Надал и четири повеќе од Рожер Федерер, но…

– Ѓоковиќ е најдобар според бројките. Но, ако зборуваме за влијание и популарност, тогаш сè е јасно, никој не се сомнева дека Федерер е најпопуларниот кој некогаш играл во овој спорт. Генерално, Ѓоковиќ статистички е најдобар, но сепак многумина ќе го изберат Федерер поради неговиот придонес во играта на многу нивоа – вели Хенман, некогаш четврти тенисер во светот и шесткратен Грен слем полуфиналист.

Мајк Брајан, поранешниот број еден во двојки, се согласува дека Федерер е пред сите.

– За мене Федерер е на врвот. Во тие години кога доминираше, едвај загуби меч. И начинот на кој играше, голем мајстор. Тој е најопуштен во соблекувалната. Пред финалето на Вимблдон се насмевнува како да е во парк во недела попладне. Кога сè ќе се собере, којзнае кој ќе ги држи сите рекорди. Тоа веројатно ќе биде Ѓоковиќ, но Рожер секогаш ќе има посебно место во моето срце – изјави Брајан.

Свој коментар даде и Матс Виландер, шесткратниот грен слем шампион.

– Најголемиот на сите времиња е едно, но најдобриот, таа титула сега би му ја доделиле на Ѓоковиќ. Најголемиот на сите времиња, тоа би му го дал на Федерер бидејќи тој е тој што го донесе тенисот на сечиј екран. Ќе биде интересно да се види што ќе прави Федерер во иднина, дали ќе биде дел од тенисот како што сме ние сега во медиумите. Дали ќе биде во тренерската работа? Има менаџерска компанија и се занимава со производство на опрема, но би сакал да го слушнам како коментира, само да слушнам што има да каже, тоа би било одлично. Беше тажно кога реши да се пензионира, тоа беше најтажниот момент на кој бев сведок во професионалниот тенис. Тој е одлично момче, елегантен, добар е со сите – истакна Швеѓанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот