Хашкиот суд им дозволи на лидерите на ОВК новата година да ја дочекаат заедно

Поранешните политички и воени лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими кои се во притворот на Специјалниот суд во Хаг вечерва ќе можат да се соберат и заедно да ја дочекаат Новата година.

– Заради приватноста, не можеме да ги коментираме активностите на притворените лица во установата за притвор. Единицата за управување со притвор на специјализираните комори ги обезбедува затворениците во безбедна и тивка околина. Уапсените сигурно ќе добијат можност да ја дочекаат Новата година во согласност со правилата и прописите на претходниот притвор – изјави службеникот за информации на Специјалниот суд, Ангела Гријеп.

Освен Нова година, косовските затвореници имаат уште една причина за прослава. Поранешниот портпарол на ОВК и поранешен претседател на косовското собрание, Јакуп Красниќи на 1 јануари ќе наполни 70 години.

Специјален суд за Косово во Хаг: Тачи и уште тројца членови на ОВК треба да останат во притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот