Специјален суд за Косово во Хаг: Тачи и уште тројца членови на ОВК треба да останат во притвор

Фото: EPA-EFE/JERRY LAMPEN

Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг смета дека Хашим Тачи и уште тројца членови на Главниот штаб на ОВК треба да останат во притвор, бидејќи постои реална опасност од влијание и заплашување на сведоци, како и ризик да ги мобилизираат своите приврзаници со цел да ја спречуваат постапката на Судот.

– Во овие околности, барем додека не се сослушаат сведоците и не се обезбедат докази, притворот е неопходен, се наведува во барањето на Обвинителството за нивно притворање што е објавено денеска. 

Одбраната вчера најави дека ќе бара укинување на притворот и нивно времено ослободување.

Обвинителството потсетува дека во временскиот период на обвинението, осомничените им биле претпоставени на многу потенцијални сведоци на Обвинителството, а некои сè уште заземаат високи позиции на авторитет и/или влијание.

– Имаат средства, мотив и можност да влијаат на сведоците, на жртвите или на соучесниците и на друг начин да ја спречуваат постапката, соопшти Обвинителството и детално образложи на кои начини Тачи и Кадри Весели и Здружението на воени ветерани на ОВК влијаеле ова обвинителство и суд да бидат укинати.

Покрај Тачи и Весели, со обвинението на Обвинителството се опфатени и Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Тие се товарат во десет точки за злосторства против човештвото и извршени воени злосторства преку здружено злосторничко делување, заедно со други припадници на ОВК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот