Хари Кејн е фаворит за освојување на европската „Златна копачка“

Хари Кејн/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Лигата на шампионите на УЕФА е единственото преостанато фудбалско клупско натпреварување во кое Хари Кејн може да се надева дека сезона ќе освои трофеј со Баерн Минхен оваа сезона, но неговата прва година во Бундеслигата најверојатно нема да помине без трофеј бидејќи е блиску до освојување на „Златната копачка“ на Европа.

Англискиот напаѓач постигна 35 гола во 31 натпревар во германскиот шампионат (со 10 асистенции) и со вкупно 70 поени (еден гол вреди два бода) води во трката за европската „Златна копачка“.

На ова листа второпласиран е Килијан Мбапе, играчот на ПСЖ кој има 26 гола на своето конто, а до крајот на француската „Лига 1“ има само еден меч повеќе од Англичанецот. Со оглед на тоа дека и Баерн и ПСЖ ги очекуваат полуфиналните дуели со Реал или Борусија Дортмунд, двајцата веројатно не ни размислуваат за трофејот за најдобар стрелец во Европа.

Серу Гираси, напаѓачот на Штутгарт, Луи Опенда, фудбалерот на РБ Лајпциг, Лаутаро Мартинез (Интер) и Ерлинг Халанд (Манчестер сити) ќе имаат мотив да се обидат да му се заканат на Мбапе за втората позиција. Ништо не е недостижно во последните три-четири кола, но тешко дека некој ќе може да му го „украде“ трофејот на Кејн сезонава. Потсетување дека Кејн три пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата во дресот на Тотенхем, моментно е и водечки во Бундес лигата со 10 гола повеќе од второпласираниот Гираси.

Топ 10

1. Хари Кејн (Баерн) 70 поени (35 голови)
2. Килијан Мбапе (ПСЖ) 52 (26)
3. Серу Гираси (Штутгарт) 50 (25)
4. Луи Опенда (РБ Лајпциг) 48 (24)
5. Лаутаро Мартинез (Интер) 46 (23)
6. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) 42 (21)
7. Лук Де Јонг (ПСВ) 40,5 (27)
8. Вангелис Павлидис (АЗ) 40,5 (27)
9. Кол Палмер (Челси) 40 (20)
10.Виктор Ѓекереш (Спортинг) 39 (26)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот