Харадинај: Имав и други докази за вмешаност на Рама во идејата за размена на територии

Принтскрин

Рама го тужи Харадинај во врска со неговите изјави за размената на територии со Србија.

Премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, за SyriTV, зборуваше за тужбата што против него која ја поднесе албанскиот премиер, Еди Рама.

Харадинај рече дека знае многу повеќе работи и факти, но дека не сакал да ги каже поради доброто на албанскиот народ.

-Ангажирањето на Рама за поделбата на Косово е бесмислен и неправеден. Сум се чудел на неговиот пристап, од моблизација на неговите ресурси, од медиумите па се до лобирањето надвор од државата. Со оваа делба ние ја губиме Трепча со вредност од 10 милијарди евра. Епицентарот на поделба на Косово е Трепча. Знам кој го натерал да ме тужи, но стојам на тоа што сум го кажал. Ја поштедив нацијата, а не поединецот, има повеќе – истакнал Харадинај.

Вели дека делувањата на Рама немаат никакво друго објаснување освен дека „преку Вучиќ и Србија бара соработка со Русија и Кина“.

Инаку, премиерот на Албанија Еди Рама во Основниот суд во Приштина поднесе тужба против Харадинај за клевета.  Рама го тужи Харадинај во врска со неговите изјави за размената на територии со Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот