Хаос на Хоргош, Србија не пропушта странци, меѓу нив и македонски државјани (ФОТО)

Македонските граѓани се принудени да се враќаат во Унгарија, а тие што не се со возила, единствен спас за да стигнат до татковината им е авионскиот превоз.

Хаос е на унгарско-српската граничен премин Хоргош откако Србија ја затвори границата и на своја територија дозволува влез само за српски државјани. Во меѓу граничниот простор, како што дознаваме, меѓу странците, има многу македонски државјани кои не можат да влезат во Србија.

Влез на странци не дозволуваат ниту пограничните власти на Бугарија и Романија. Македонските граѓани се принудени да се враќаат во Унгарија, а тие што не се со возила, единствен спас за да стигнат до татковината им е авионскиот превоз.

Во моментов над 3.000 македонски државјани се заглавени и на италијанско-словенечката граница, а од македонското МНР се обидуваат да им овозможат безбедно враќање дома.

На барање на македонска страна, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска разговараше со министерот за надворешни работи на Република Словенија, Анже Логар, соопшти МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот