Хајди Клум полни 51 година: Младоликиот изглед го препишува на „дивиот секс“ со 16 години помладиот маж
Една од најубавите Германки, Хајди Клум, денеска го слави својот 51 роденден. Манекенката, која владее со светската модна сцена од 1998 година, е родена на 1 јуни 1973 година во градот Бершки Гладбах.
Препорачано
Мајка ѝ била фризерка, а татко ѝ работел во козметичката индустрија. Клум сосема случајно завршила во светот на манекенството, кога како дете се пријавила на конкурс во магазинот „Петра“, кој барал нови модели за костими за капење.
После тоа, таа победи на германскиот натпревар за убавина и се пресели во Њујорк, каде што стана првата Германка што носела креации на „Викторија сикрет“ и стана амбасадор на брендот. Престижното списание „Форбс“ проценува дека Клум, во првите десет години од работата за „Викторија сикрет“ заработила околу 20 милиони долари.

Таа се проба и во светот на актерството, појавувајќи се во сериите „Сексот и градот“, „Очајни домаќинки“, како и во филмовите „Оушн 8“ и „Ѓаволот носи Прада“.
Во последните години таа беше судија во телевизиското шоу „Америка има талент“.
Што се однесува до приватниот живот, тука се чини дека среќата не ѝ се насмевнуваше толку често. По браковите со Рик Пипино и италијанскиот богаташ Флавио Бријаторе, таа се заљуби во музичарот Сил , со кој има три деца, но љубовта прекина пред дванаесет години. Првично утеха најде во врската со нејзиниот обезбедувач Мартин Кирстен и во романсата со Вито Шнабел.

Во 2018 година, таа објави дека е во врска со Том Каулиц – 16 години помладиот музичар од групата „Токио Хотел“, за кого таа се омажи во 2019 година и со кого одржува, како што самата вели, „жежок“ сексуален живот.
„Имам бескраен, жежок и див секс со сопругот. Не ми е проблем. Патем, мислам дека на жената ѝ е полесно отколку на мажот. Мажот мора да биде многу поиздржлив. Мојот сопруг, односно ние двајца поминуваме часови и часови во спалната соба“, открила манекенката, која својот добар изглед првенствено го должи на својата исхрана. Манекенката внесува само 900 калории дневно, а тоа, вели, е нејзин избор.
„Среќна сум со тоа што сум и каква сум. Ако не сум, би се сменила. Ги носам панталоните што сакам да ги носам и го живеам животот како што сакам“, изјави Клум, која е тешка 62 килограми и висока 175 сантиметри.


