Хабиб не може без борба: Повторно ќе бидам на врвот!

твитер

Хабиб Нурмагомедов е главната спортска вест овие денови. Откако уште еднаш доминантно ја одбрани титулата во УФЦ, тој веднаш објави дека се повлекува и нема повеќе да се бори.

Тој ѝ вети на својата мајка дека ќе стави крај на кариерата, а исто така не сакаше да продолжи со борбите откако почина неговиот татко, кој беше и негов тренер.

Нурмагомедов нема да ја промени средината, искусниот борец ќе остане близу до октагонот. Во разговор со еден од неговите тренери, Хавиер Мендез, тој истакна дека ќе се посвети на тренерската позиција.

Со Хабиб во историјата си замина и дагестанската капа

– Имаме многу млади борци на кои можеме да им го пренесеме нашето знаење. Нашиот тим повторно ќе биде на врвот. Ќе работам онолку години колку што ќе бидат потребни – му рече Хабиб на својот тренер.

Ја заврши кариерата со 29 победи, без ниту еден пораз, како шампион од неговата категорија. Тој ги победи легендите како Конор МекГрегор и Дастин Пуарје, но дефинитивно нема да се врати во октагонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот