Пеп Гвардиола/EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Гвардиола: Ако сега загубиме од Арсенал, трката за титулата завршува

Англиската Премиер лига во недела го носи дербито помеѓу Манчестер сити и Арсенал на „Етихад“, кое може да ја одлучи шампионската трка.

Разликата меѓу двата тима е шест бодови, но Сити веќе покажа дека знае како да го победи Арсенал, откако триумфираше во финалето на Карабао куп пред околу еден месец, а освен тоа „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.

„Ако загубиме од Арсенал, готово е“, искрено рече тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата.

Тој потоа беше запрашан дали ќе го повтори пристапот од финалето на лига-купот.

„Го менуваме планот. Сега ќе ви кажам сè што ќе направиме“, искоментира шпанскиот стратег и секако не откри ништо конкретно.

Од друга страна, Арсенал во средата обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, но во домашното првенство си ја искомплицира ситуацијата со пораз на домашен терен од Борнмут.

Арсенал треба да биде загрижен и поради формата бидејќи на последните пет меча „топчиите“ имаат само една победа и дури три порази, што ја направи трката за титулата уште понеизвесна.

Чудно објаснување на Пеп: Победуваме поради сонцето

Цела Англија ја чека одлуката за Манчестер сити – експерт за фудбалски финансии најавува одземање 60 бода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот