Пеп Гвардиола/Manchester City

Чудно објаснување на Пеп: Победуваме поради сонцето

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, понуди необично објаснување за веќе традиционално подобрата игра на неговиот тим во завршницата од сезоната. По убедливата победа над Челси, каталонскиот стратег откри што стои зад формата на „граѓаните“ токму кога се решава шампионската трка, пред клучниот дуел со лидерот Арсенал.

Манчестер сити е препознатлив по доминантните финиши, а триумфот од 3-0 против Челси најавува дека повторно можеби да гледаме такво сценарио. На прашањето зошто неговите екипи секогаш „експлодираат“ напролет, Гвардиола даде неочекуван одговор.

„Сонцето. Не се шегувам, да, сонцето е причината. Во Манчестер речиси и да го нема. Искрено, расположението е подобро, а со тоа и менталитетот на целата група“, изјави менаџерот.

Статистиката оди во прилог на неговата теорија, откако го презеде клубот во 2016 година, Сити во април има дури 29 победи на 32 натпревари во Премиер лигата. Освен временските услови, Пеп заслугите ги припиша и на културата во клубот.

„Хиерархијата ни донесе менталитет на извонредни играчи. Тоа е клучот за успехот“, потенцираше тој.

И покрај одличната форма, Гвардиола улогата на фаворит за титулата му ја препушти на Арсенал, кој има шест бода предност на табелата, иако Сити има натпревар помалку и веќе ги совлада „топчиите“ во финалето на Карабао купот.

„Одигравме три добри натпревари, но најдобар тим во Англија е Арсенал. Бројките го потврдуваат тоа“, рече Гвардиола по победата на „Стемфорд Бриџ“.

„Ќе се подготвиме максимално оваа недела и ќе се адаптираме според искуството од финалето. Начинот на игра е она што ги дефинира тимовите, ако не напредувате како екипа, нема да победувате.“

ВИДЕО | Манчестер сити убедливо го совлада Челси и се доближи до Арсенал во трката за титулата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот