Ѓуроски: Грижете се за себе и најважно, останете дома!

фото: фејсбук/kfsm.mk/

Нашиот кошаркарски репрезентативец привремено го напушти францускиот клуб Евре и да се врати во Македонија и биде блиску до неговото семејство.

Тешки денови се за сите, па и за македонските интернационалци кои до пред извесно време беа на кошаркарските терени надвор од нашата држава,кои мораа да се снаоѓаат како да се вратат дома по избивањето на оваа елементарна непогода наречена коронавирус.

COVID 19 ги запре сите спортски активности, а нашиот кошаркарски репрезентативец го стави во самоизолација 14 дена во неговиот дом во Скопје.

По првата „помината“ седмица, Стојан Ѓуроски испрати и порака до своите клупски соиграчи, и другиот стручен и технички персонал во Алм Евре Баскет, кој ја стави на клупскиот фејсбук профил:

– Здраво на сите! Поради ситуацијата со вирусот, решив привремено да го напуштам Евре и да се вратам во Македонија, непосредно пред да ја затворат границата. Беше многу стресно и тешко да се донесе оваа одлука, но сакав да бидам блиску до моето семејство во овие тешки времиња.

Значи 14 дена, дома сум во карантин каде што не можам да излезам или да добијам посета.

Како сè уште да живеам во Евре, бидејќи ги гледам само моите пријатели и семејство на Facetime. Секој ден изгледа исто и поминувам многу време на Netflix, читање книги или вежбање. Се надевам дека ситуацијата ќе се врати во нормала што е можно побрзо и ќе можеме повторно да ја започнеме сезоната.

Грижете се за себе и најважно, останете дома! Можеме да го направиме тоа! – се зборовите на Ѓуроски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот