ГРК Охрид: Стоилевски, Ѓорѓески, Ојлески и Кукоски се новите „Гладијатори“

фото: ГРК Охрид

Нови промени во ракометниот клуб Охрид кој ангажираше четворица македонски репрезентативци: Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски и Милорад Кукоски.

Клубот воедно ја информираше јавноста дека пет ракометари нема да го носат „сино-белиот“ дрес од сезоната, тие се Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов.

Ѓорѓески е големо голманско засилување за ГРК Охрид, 29 годишниот гостиварчанец следната сезона ќе го носи „сино-белиот“ дрес. Доаѓа во тимот на „Гладијаторите“ по одличните игри за унгарскиот тим Будакалас, а пред тоа играше и за Металург, Вардар и Пелистер каде што во овие тимови имаше настапи во европските купови и регионалната СЕХА Лига.

– Среќен сум што се враќам назад во Македонија и посебна чест ми е што ќе бидам дел од ваков одличен проект и тим како што е Охрид. Охрид е сериозна екипа со големи амбиции, а јас се надевам дека оваа сезона ќе ги исполниме сите цели и сите заедно ќе се радуваме на многу победи – изјави Ѓорѓески.

ГРК Охрид се засили со голман од Босна и Херцеговина

Ојлески, 33-годишното репрезентативно лево крило доаѓа од шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, а претходно го носеше и дресот на Вардар, Металург, и на романскиот Одорхеи.

– Драго ми е што ќе сум дел од ракометниот клуб Охрид, клуб кој што покажува сериозност и квалитет во македонскиот ракомет. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и ќе славиме многу победи – рече Ојлески.

Десното крило Стоилевски (24) блескаше за Еурофарм Пелистер 2 во плеј-оф натпреварувањето. Пред тоа настапуваше за екипите на Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје.

– Драго ми е што ќе бидам дел од екипа која има одлични планови и цели за во иднина кои би ми помогнале многу да напредувам како играч – вели Стоилевски.

Грузискиот репрезентативец Орјоникидзе потпиша за ГРК Охрид

И најдобриот специјалист за одбрана во ракометна Македонијa станува „Гладијатор“. Кукоски (35) доаѓа од Еурофарм Пелистер, а пред тоа играше и за Металург, Зомимак и Вардар.

– Мило ми е што доаѓам во клуб со европски амбиции, кој расте од година во година. Сигурен сум дека ќе ги оправдаме очекувањата на управата и публиката – се зборовите на Кукоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот