Грузискиот репрезентативец Орјоникидзе потпиша за ГРК Охрид

фото: ГРК Охрид

Нов ракометар на ракометниот клуб Охрид е Теимураз Орјоникидзе (27) кој настапува на позицијата лев бек.

Грузискиот репрезентативец е новот име во составот на „гладијаторите“ кој доаѓа од екипата на Кокс, Финска.

Претходно настапуваше во Романија и Унгарија, како и во македонското првенство во Еурофарм Пелистер и Прилеп.

Со своите одлични настапи ѝ помогна на Грузија да се пласира Европското првенство во 2024 година, што ќе биде прв историски настап на оваа земја на континенталните собири.

– Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него! Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи – изјави Теимураз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот