ГРК Охрид се засили со голман од Босна и Херцеговина

Фото: ГРК Охрид

Maкедонскиот ракометен суперлигаш, ГРК Охрид се засили со младиот 19-годишен голман Берин Бркиќ од Босна и Херцеговина.

Бериќ во редовите на македонскиот суперлигаш пристигнува од Борац Бања Лука и потпиша договор до 2026 година.

“Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид! Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го пратев Охрид претходната сезона и има стварно добар тим и некои од соиграчите ги познавам. Се надевам ќе славиме многу победа“, изјави Бериќ по потписот на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот