Грција: Шест мигранти починаа од СТУД во близина на границата со Турција

Вкупно шест мигранти починале од студ во последните неколку денови на североисток во Грција, во близина на нејзината копнена граница со Турција, информираaт денеска локалните власти.

Според овие информации, жртви биле четворица мажи и две жени, а познато е и дека сите биле помлади од 30 години.

Нивниот идентитет и националност не се познати, иако делувало дека двете жени се од Африка, пренесува Агенцијата АП.

Телата на петте мигранти биле откриени за време на викендот, а шестото тело на петти декември, јавуваат грчките медиуми.

Телата на двете жени биле најдени во близина на реката Марис (на грчкиот остров Евос), која тече долж поголемиот дел на копнената граница меѓу Грција и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот