Грција и Унгарија во финалето на Светското првенство во ватерполо

фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Во првото полуфинале на Светското првенство во Фукуока, Јапонија, ватерполо репрезентацијата на Грција со 13:7 ја совладаа Србија.

Грците за првпат во својата историја обезбедија мундијалско финале, досегашни најголеми успеси им се трите бронзи освоени во 2005, 2015 и 2022 година.

Унгарија е вториот финалист на СП откако со минимален резултат 12:11 триумфираше против Шпанија.

Унгарците ќе ја бркаат својата четврта светска титула, претходно беа „златни“ во 1973, 2003 и 2013 година.

За два дена ќе се игра и мечот за третото место, селекциите на Србија и Шпанија до сега имаат по една бронза на светските првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот