Грчка пита – Медитеранско задоволство кое ви препорачуваме да го пробате!

Вкусот на путерот, спанаќот и сирењето ја праваат оваа медитеранска солена пита незаборавна. Ваквото јадење може да го консумирате како предјадење или за вечера со чаша јогурт.

Потребни состојки:

• 8 кори за пита
• 250 гр. спанаќ
• 2 јајца
• 2 лажици масло
• 60 гр. стопен путер
• 100 гр. рикота (или друго сирење по избор)
• мускатно оревче
• едно чешне лук
• сол
• бибер

Подготовка:

Исчистете го спанаќот и добро измијте го. Ставете го во зовриена вода да омекне пет минути, а потоа исцедете го и ситно исецкајте го. Изматете ги јајцата, издробете го сирењето и помешајте го со спанаќот. Посолете, наросете бибер, додадете рендано мускатно оревче и истолчен лук, а потоа добро промешајте.

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Тавата за печење премачкајте ја со масло и обложете ја со хартија за печење, а потоа ставете една кора. Лесно попрскајте ја со растопениот путер и врз неа ставете друга кора. Премачкајте ја втората кора со путер и ставете малку фил. Прекријте со нова кора, а потоа премачкајте со путер и се така додека не го потрошите целиот фил и кори.

Последната кора премачкајте ја со изматена жолчка и печете околу 25 минути, додека питата не добие златножолта боја.

Пријатен апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот