Граѓаните на Њујорк ќе добиваат 100 долари ако ја примат првата доза вакцина

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Почнувајќи од денеска, секој жител на Њујорк кој ќе прими прва доза вакцина против коронавирус ќе добие подарок од 100 американски долари.

Градоначалникот Бил де Блазио во средата објави нов поттик за вакцинација, што ги стимулира граѓаните да ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19.

Поттикот вреден 100 долари важи за сите граѓани и вработени кои сè уште не ја примиле првата доза, јави Си-Ен-Ен.

Секој што не сака пари може да добие друг еден подарок, како што се билети за натпревари на ФК Њујорк Сити, билети за Бруклин Сајклонс, пропусница за 10 возења со траектот NYC Ferry и некои други поволности.

Поттикот доаѓа откако Делта варијантата го зголеми бројот на заболени низ целата земја и ги принуди Центрите за превенција и контрола на болести да издадат нови упатства за носење маски.

До денес, Њујорк има дистрибуирано близу 10 милиони дози вакцини, а повеќе од 4,9 милиони жители на Њујорк добиле најмалку една доза, информира Де Блазио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот