Бајден повикува на вакцинирање: Делта сојот се шири низ САД

Instagram

Белата куќа соопшти дека ќе испрати специјални тимови во жариштата со коронавосот низ САД за да се борат против многу заразната делта варијанта на вирусот, испраќајќи притоа и итен повик до сите Американци кои досега не се вакцинирале тоа да го сторат веднаш.

Џефри Зиентс, вишиот советник во Белата куќа, одговорен за борба против Ковид-19, изјави дека тимовите ќе бидат подготвени да го забрзаат снабдувањето со потребната опрема за тестирање, како и да ја зајакнат терапевтската нега во заедниците кои забележуваат зголемување на случаите на коронавирус.

Просечниот седумдневен број на случаи со Ковид-19 во САД во однос на минатата недела е зголемен за 10 проценти, јави во вторникот директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Рошел Валенски. Таа посочи дека позаразната делта варијанта на коронавирусот, што за првпат беше откриена во Индија,  веќе е втората најраспространета варијанта на коронавирусот во САД.

-Јасно е дека заедниците во кои луѓето се уште не се вакцинирани се ранливи, рече Валенски, додавајќи дека во околу 1.000 окрузи низ САД, стапките на вакцинација се под 30 проценти.

Зиентс додаде дека федералните служби ќе им помогнат на заедниците преку натамошно ангажирање на здравствениот персонал, а ЦДЦ ќе им помогне во борбата против потенцијалното ширење на инфекцијата.

САД и натаму се светски лидери во вакцинацијата против Ковид-19, со повеќе од 180 милиони граѓани кои примаат барем една доза од вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот